Top Sport

Лестер демантираат дека се пред договор со бразилската легенда Марсело

Лестер сити ги демантираа вестите дека се пред потпис со бразилската легенда, ексѕвездата на Реал Мадрид, Марсело во изјава за „Би-би-си“.

Бразилецот, кој е слободен играч по крајот на неговиот договор со „кралевите“, наводно бил блиску до потпишување на едногодишен договор со тимот на Брендан Роџерс.

34-годишниот Марсело помина 16 сезони во Реал, во кои имаше 546 настапи и освои шест титули од Ла лига, пет од Лигата на шампиони и две од Копа дел реј.

Scroll to Top