Top Sport

Член на стручниот штаб спречил тепачка помеѓу тренерот Јуриќ и спортскиот директор

На порталот „Фудбал Италија“ се појави неверојатна снимка од жестоката расправија меѓу тренерот на Торино, Иван Јуриќ и спортскиот директор Давиде Вањати. Член на стручниот штаб едвај спречи расправијата да прерасне во сериозна физичка пресметка.

„Фудбал Италија“ пишува дека до конфликтот дошло кога Вањати решил да го посетиј тимот на Торино кој се наоѓа на подготовки во Австрија. Тренерот Јуриќ бил бесен бидејќи клубот не му ги донел играчите кои тој ги посакувал.

На видеото јасно се гледа како Вањати му вика на Јуриќ и се обидува физички да го нападне. Поголем инцидент спречил член на стручниот штаб, за кој се верува дека е Марко Пелегри, таткото на играчот на Торино Пјетро.

Вањати му викал на Јуриќ: „Не ми го кревај гласот, немаш почит. Јас те бранам од сите. Јас го организирам тимот“.

Јуриќ се обидел да се оддалечи и му рекол на Вањати да се „за…а“ и дека организира „срање“.

 

Scroll to Top