Top Sport

Чоло: Клучот е во одбраната

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне во интервју за „Фокс Спортс“ открил зошто неговиот тим секогаш има дефанзивен пристап кон играта.

Аргентинецот смета дека во модерниот фудбал најважна е одбраната и се потсетил дека во првите сезони во Атлетико ги форсирал напаѓачите.

„Играа Арда Туран, Фалкао, Дави Виља, Адријан…Хуанфран беше на едното крило, Фелипе Луис на второто, тој повеќе беше напаѓач отколку бек. А сете зборуваат дека игравме дефанзивно“, рекол Симеоне.

Потоа се фокусирал на стилот што го негува неговиот тим.

„Зошто играме дефанзивно? Постојат подобри фудбалери, но тие најслабо играат одбрана. Постојат послаби тимови кои се бранат, а на крајот победува тимот кој подобро се брани. Клучот е во одбраната, бидејќи во најдобрите тимови во светот ги имате најдобрите напаѓачи. Проблемот кај се се јавува кога треба да се бранат“, заклучи стратегот на Атлетико.

Scroll to Top