Top Sport

Афера „Пицагејт“ – откриено е кој го погодил Фергусон во главата

Ривалството помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал кога менаџери на овие клубови беа Алекс Фергусон и Арсен Венгер многу пати ги надминуваше спортските рамки. Нерпеливоста кулминираше во октомври 2004 година со аферата „Пицагејт“.

Во октомври 2004 година Арсенал пристигна на „Олд Трафорд“ со серија од 49 натпревар без пораз. Избраниците на Алекс Фергусон во мечот влегле со една цел, да ја прекинаат таа серија на големите ривали.

На крајот, во тензичен натпревар, Манчестер Јунајтед забележаа победа 2:0. Тензиите од теренот продолжија и во тунелот, обезбедувањето спречило поголема физичка пресметка помеѓу играчите, а во мешаницата некој со пица во главата го погодил тренерот на Манчестер Јунајтед.

„Стјуардите и обезбедувањето не раздвојуваше, имаше туркање и удирање од двете страни. И од никде никаде долета пица и го погоди Алекс Фергусон во главата. Збесна поради тоа. Немавме поим кој го направи тоа. Подоцна слушнав дека тоа бил Сеск Фабрегас. Кога подоцна се преселив во Арсенал го прашав за таа случка и ми кажа дека тој ја фрлил пицата“, рекол поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Арсенал Микел Силвестре.

Силвестре играше во Јунајтед од 1999 до 2008 година, а потоа до 2010 го носеше дресот на Арсенал. Кариерата ја завршил во 2014 година во Индија.

Scroll to Top