Top Sport

Чоло објасни кон кого беше насочен вулгарниот гест

Атлетико Мадрид стигна до голема 2:0 победа над Јувентус во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите, нешто што очигледно многу го израдува нивниот тренер Диего „Чоло“ Симеоне.

Аргентинскиот тренер, кој неодамна ја продолжи верноста кон „јорганџиите“, по првиот гол на мечот на Хименез, изреагира помалку вулгарно, откако на навивачите им покажа што навистина мисли. По мечот, тој објасни кон кого беше насочено ова.

„Истото го направив кога бев фудбалер на Лацио против Болоња. Тоа не беше гест против навивачите на Јувентус, туку знак до нашите навивачи дека имаме мадиња. Признавам, не е нешто најубаво, но имав желба да го направам. Тоа беше од срце“, вели Симеоне.

Scroll to Top