Top Sport

На „Ванда метрополитано“ ечеше: Роналдо силувач!

Кристијано Роналдо немаше најдобро враќање во Мадрид, откако неговите Јувентус загубија со 2:0 од Атлетико Мадрид, а резултатот можеше да биде и полош за гостите.

Покрај ова, Португалецот, кој помина речиси цела деценија во ривалите на Атле, Реал Мадрид, на „Ванда метрополитано“ беше пречекан со свирежи и со непристојни извици: „Кристијано силувач“ и „Умри Кристијано“.

На ултрасите на „колчонеросите“, Роналдо неколку пати им прати порака, кревајќи ја раката и покажувајќи „петка“, бројот на титули од Лигата на шампионите кои ги освои со Реал, двапати поразувајќи го токму Атлетико во финалињата. Сепак, за да стигне до нов трофеј од ЛШ ќе треба да биде поинспириран лидер на реваншот во Торино.

Уругвајците на Атлетико го „сотреа“ Јуве, Сити против Шалке и ВАР системот во Германија (видео)

Scroll to Top