На Диего Симеоне не може да му биде подобро. Неколку дена откако по петти пат стана татко, популарниот Чоло го продолжи договорот со Атлетико Мадрид со што Аргентинецот ќе остане на клупата на „јорганџиите“ до 2022, комплетирајќи цела деценија како тренер на клубот.
„Би сакал да им се заблагодарам на директорите на клубот и на сите фанови за нивната поддршка во нашиот проект. Ќе продолжам до 2022 со истата возбуда и ентузијазам и подготвен сум за предизвиците“, вели Симеоне.
48-годишниот Симеоне, кој двапати беше фудбалер на Атлетико, го презеде клубот во декември 2011 кога тие беа цврсто на средината на табелата и ги трансформираше во еден од најдобрите европски клубови. Со Атле тој освои седум трофеи, вклучувајќи две круни од Лига Европа, една од Копа дел реј и една од Ла лига, а ги предводеше и до две финалиња на Лигата на шампиони, губејќи во 2014 и 2016 од Реал Мадрид.
Фото: ЕПА
#Simeone2022 #EnamoradoDelAtleti #14 pic.twitter.com/rRYiVQOEjQ
— Atlético de Madrid (@Atleti) February 14, 2019