Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне, рекол дека сака Шиме Врсаљко да остане во тимот. За Хрватскиот репрезентативец интерес покажаа неколку екипи, а конкретна понуда испрати Интер.
Според шпекулациите, Интер веќе го договорил Врсаљко и дека тој наредната недела треба да пристигне во Милано. Наводно, Интер за Врсаљко ќе плати осум милиони евра за позајмица, а по завршувањето на сезоната ќе го откупи неговиот договор за 17 милиони евра.
„Ние сме задоволни со Врсаљко. Имаше одлично Светско првенство каде покажа извонредни перформанси. Среќен сум за се она што успеа да го направи и се надевам дека ќе остане со нас“, порачал Симеоне на прес конференцијата во Сингапур.