Top Sport

Рома го чека Сусо

Во случај шампионот на Македонија да не го мине Шериф Тираспол, тогаш европските натпревари ќе ги продолжи во третото коло во Лига Европа.

Рома е најактивниот тим ова лето на трансфер пазарот. Римјаните прават целосна реконструкција на тимот, а како најново засилување се споменува Шпанецот од Милан, Сусо.

Спортскиот директор на Рома, Мончи, веќе заврши неколку одлични трансфери, а евентуалниот на Сусо ќе биде круна на преодниот рок.

Милан за Шпанецот бара 40 милиони евра, сума која Рома има намера да ја плати.

Сусо е играч на Милан од 2015 година, една сезона играше во Џенова, а во кариерата бил играч и на Алмерија, односно Ливерпул. Минатата сезона одигра 50 натпревари за Милан.

Scroll to Top