Top Sport

Чоло Симеоне останува во Мадрид

Атлетико Мадрид нема да го смени тренерот ниту по 12 години, бидејќи Чоло Симеоне како што сега стојат работите ќе потпише нов договор.

Клубот од Мадрид речиси ги завршил сите работи околу новиот договор со Аргентинецот и сега се чека само неговиот потпис, пренесува Фабрицио Романо.

Според информациите од Шпанија, Симеоне се согласил на значително намалување на платата. Истото веќе го направија голем дел од фудбалерите. Платата на Аргентинецот ќе биде помала за 45 отсто. Досега тој имаше бруто плата од речиси 40 милиони евра.

Со намалувањето на платите Атлетико планира годинава да заштеди 19 милиони евра.

Симеоне со Атлетико освои две шампионски титули на Шпанија, еднен трофеј во Копа дел Реј и еден во Суперкупот, а два пати триумфираше и во Суперкупот на УЕФА.

Во моментов, Атлетико е четврти во табелата во Ла Лига со пет бода и натпревар помалку од лидерот Реал.

Scroll to Top