Top Sport

Чоло: Со четири пати секс месечно, за тебе нема место во мојот тим!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего „Чоло“ Симеоне инсистира дека фудбалерите во неговиот тим мораат да имаат подобар просек на секс неделно од вкупниот шпански просек за да влезаат во тимот.

Симеоне, кој е на клупата на Атлетико до 2011 година, пред последниот меч од сезоната против Вилјареал беше запрашан за сексуалниот живот на неговите фудбалери посочувајќи го последното истражување кое покажува дека во Шпанија просечниот човек има секс 56 пати годишно.

„Колку велите? 56 годишно? Колку е тоа месечно? Четири пати, ниту толку… Со четири пати месечно не те пуштам да играш во мојот тим. 15 пати месечно? Па, нема да кажам, но сигурно имаме добар просек“, вели на шега Симеоне.

Scroll to Top