Top Sport

Човекот кој го однесе Нејмар во ПСЖ на состанок во канцелариите на Барселона

Шпекулациите дека Нејмар е пред враќање во Барселона се зголемија откако денеска неговите адвокати беа „фатени“ како влегуваат во канцелариите на каталонскиот гигант, еден ден откако тој беше исвиркан и навредуван на „Паркот на принцовите“ иако не беше во составот на Пари Сен-Жермен.

Хуан де Диос Креспо, адвокатот кој беше одговорен за комплетирањето на трансферот од  222 милиони евра, односно плаќањето на клаузулата за излез летото 2017 година, беше забележан од новинарите на „Радио Каталонија“, иако во кратка изјава посочи дека „се работи за друг клиент“.

Шпанските медиуми веќе неколку дена коментираат за „интензивната“ битка на Реал Мадрид и Барселона за потписот на Бразилецот, а спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо призна дека има „придвижување“ во преговорите.

Scroll to Top