Top Sport

Зијеш: Ако ме сакаа Баерн, требаше да ми се јават

Мароканскиот фудбалер од средниот ред на Ајакс, Хаким Зијеш вели дека постоела шанса да се приклучи на Баерн Минхен ова лето, но дека тие задоцниле со интересот и тој веќе имал одлучено да остане во холандскиот шампион.

Зијеш беше еден од главните фудбалери минатата сезона во Ајакс во импресивна сезона, а Ајакс стравуваа дека ќе го загубат и него по заминувањето на Френки де Јонг (Барселона) и Матијс де Лихт (Јувентус). 26-годишниот Зијеш имаше 21 голови во 49 настапи за „копјаниците“.

„Навистина уживам во играњето за Ајакс. Чувството да се започне четвртата сезона тука е прекрасно. Сигурен сум дека Севилја се добар клуб, но и претходно велев дека сите работи мора да се на вистинско место за трансфер. Во Севилја немав такво чувство. Можев да ги чекам Баерн Минхен, но беше време за одлука. Да ме сакаа ќе ми се јавеа, бидејќи знаеја каква е мојата врска со клубот. Не морав да направам трансфер, тоа е сигурно“, вели Зијеш.

Scroll to Top