Top Sport

Чуамени им се извини на навивачите на Реал откако уживаше на НБА меч во Париз

Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени им се извини на навивачите на кралскиот клуб, откако во четвртокот, додека неговиот тим стигна до тешко извојувана 3:2 победа над Вилјареал во Копа дел реј, тој гледаше НБА меч помеѓу Чикаго булс и Детроит пистонс во Париз.

Чуамени се повреди на претходниот меч со Вилјареал и не беше во составот на „кралевите“ со прогнозирана пауза од две недели, но многу од фановите на Реал сметаа дека тој треба да биде на трибините на „Керамика“ за да им даде поддршка на соиграчите. Тој се извини преку Твитер.

„Се извинувам наа мојот клуб, на тренерскиот тим, на соиграчите и на навивачите на Мадрид поради моето присуство на меч во исто време кога имавме тежок меч во Купот. Цело време следев што се случуваше во Вилјареал, но сфаќам дека не го направив вистинскиот потег. Многу ми е жал“, напиша Чуамени.

Scroll to Top