Орелиан Чуамени, талентираниот играч на Монако, се наоѓа пред трансфер во Реал Мадрид, тврди „Мундо депортиво“.
Реал ја планира иднината на клубот, Чуамени е означен како идеална замена за Касемиро. Овој 22-годишен играч беше желба и на претходниот тренер Зинедин Зидан.
Чуамени има одиграно 86 натпревари за Монако, досега постигнал шест гола. За Франција настапил на седум натпревари.
„Мундо депортиво“, пишува дека Реал ќе потроши 50.000.000 евра на неговиот трансфер.
Реал парите за трансферот планира да ги собере со продажбите на Јовиќ, Себаљос, Маријано Дијаз, Азар и Ваљехо.