Top Sport

Чуба Акпом потпиша за деветти клуб во кариерата, само има 24 години!

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Чуба Акпом се врати во англискиот фудбал, откако потпиша тригодишен договор со второлигашот Мидлзборо, пристигнувајќи од грчкиот ПАОК.

24-годишниот Акпом постигна 14 гола во 54 настапи за грчкиот клуб, со кој ја освои првата грчка титула по 34 години во 2018/19.

Акпом беше продукт на академијата на „топчиите“, но имаше само четири одиграни мечеви за првиот тим, откако беше позајмуван на Брентфорд, Ковентри, Нотингем форест, Хал, Брајтон и на белгискиот Синт Труиден, пред во 2018 да се пресели во ПАОК. Мидлзборо ќе биде неговиот деветти клуб.

„Му кажав за нашите планови со клубот и тој веднаш сакаше да дојде. Презадоволен сум што ќе биде дел од нашиот тим,“ вели тренерот на Боро, Нил Ворнок.

Scroll to Top