Top Sport

Вињалес со рекорд на пол-позицијата во Мизано пред неверојатниот Бањаја

Шпанскиот возач на Јамаха, Маверик Вињалес ја освои својата втора пол-позиција во низа на патеката Мизано пред ГП на Емилија-Ромања, поставувајќи нов рекорд на патеката, иако во последниот круг ќе го загубеше првото место откако Пако Бањајаго загуби најдобриот круг поради излегување од рамките на патеката.

Вињалес и минатата недела беше најбрз на квалификациите во Мизано, кога се возеше Сан Марино ГП, и овојпат постави време од 1:31.647. Бањаја на своето Прамак Дукати имаше 1:31.313, но кругот не му се важеше и ќе стартува од петтото место.

Во првиот ред, покрај Вињалес ќе стартуваат и асот на Дукати, Австралиецот Џек Милер и Французинот Фабио Квартараро во уште една Јамаха, додека четврт е Пол Еспархаро во КТМ. Бред Бајндер е шести пред ветеранот Валентино Роси (на неговата домашна патека), а топ 10 го комплетираат уште тројца Италијанци – Франко Морбидели (Јамаха), Данило Петручи (Дукати) и лидерот во генерален пласман, Андреа Довициозо (Дукати).

Scroll to Top