Top Sport

Чудесна реакција на Тер Штеген – Германецот ја одбрани победата на Барселона

Барселона, синоќа, успеа да победи на гостувањето кај Мајорка. Отпишаниот Лук де Јонг и критикуваниот голман Марк Андре тер Штеген, им ја обезбедија победата на Каталонците.

Де Јонг го постигна единствениот гол во 44.минута, а Тер Штеген во 92. ја одбрани предноста.

Германецот, кој трпи критики од почетокот на сезоната, поради лошата форма, во самиот финиш со чудесна реакција ги спречи фудбалерите на Мајорка да го израмнат резултатот.

„Среќен сум и горд, Марк ни беше потребен. Тој е одличен голман, денес не спаси“, изјавил тренерот Чави по завршувањето на натпреварот.

Одбраната на Тер Штеген сигурно ќе конкурира за одбрана на сезонава во Примера.

Scroll to Top