Top Sport

Чудесни 20 минути на „Енфилд“! Вини го врати Реал во живот!

Во само 20 минути на „Енфилд“, Ливерпул и Реал Мадрид веќе ни приредуваат уште една европска класика, откако „кралевите“ се вратија во живот по шокантното 2:0 водство на домаќините благодарение на незапирливиот Винисиус Жуниор.

Откако Дарвин Нуњез веќе по четири минути постигна луд гол, за во 14. минута Тибо Куртоа да направи неверојатна грешка за 2:0, изгледаше дека тимот на Карло Анчелоти нема одговор, кога на сцена стапи незапирливиот Винисиус.

Бразилецот, кој во последно време беше мета на напади од противничките навивачи и фудбалери, покажа колку малку простор му е потребен за да упати фантастичен удар и да не му даде шанса на Алисон.

Scroll to Top