Top Sport

Чудесниот Вилјареал го „шутна“ Баерн! Реал и Челси по драмата ќе играат продолженија

Ќе има барем уште половина час фудбал на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, каде што „кралевите“ ќе се обидат да се соземат од шокантните 90 минути, додека на „Алијанц арената“ во Минхен има само тага, откако Вилјареал сензационално стигна до 1:1 реми и го елиминираше германскиот гигант во четврт-финалето на Лигата на шампиони.

Баерн успеа да ја „елиминира“ предноста од 1:0 на Вилјареал од првиот меч, преку Роберт Левандовски во 52. минута од мечот, но не успеа да даде уште еден гол за да не чекаа продолженија, по што Семјуел Чуквуезе во 88. минута ги шокираше Баварците за најголем успех во историјата на „жолтата подморница“, која ќе го чека својот противник во утрешниот дуел меѓу Ливерпул и Бенфика. 

Во Мадрид видовме едни луди 90 минути по кои „кралевите“ треба да му заблагодарат на 36-годишниот Лука Модриќ што не се елиминирани. Мејсон Маунт уште во првото полувреме ги донесе Челси до водство од 0:1, пред да му асистира на Антонио Ридигер за 0:2 на почетокот на второто полувреме, резултат со кој се „поништи“ предноста на Реал. Маркос Алонсо даде уште еден гол, кој беше поништен поради игра со глава, пред Тимо Вернер да „убоде“ во 76. минута за 0:3, резултат за елиминација на 13-кратниот европски шампион. Само мајсторското додавање на Модриќ до Родриго во 80. минута беше доволно да се примораат продолженија.

Scroll to Top