Фудбалерот на Клуб Бриж, Симон Дели неславно стана „ѕвезда“ на големата пресметка на неговиот клуб со Манчестер јунајтед, откако несфатливо се обиде да биде голман за што доби црвен картон и дозволи неговиот клуб да губи со 3:0 по едно полувреме.
Бриж допатува на „Олд Трафорд“ со 1:1 по првиот натпревар, но Дели го направи потегот на мечот во 23. минута, кога имаше, рака на срце, импресивна одбрана. Уште позачудувачки, судијата реши да го проверува играњето со рака на ВАР системот, на чудење на публиката на „Олд Трафорд“. Сепак, за ова има причина – тој забележуваше дали голманот Мињоле би го фатил ударот, бидејќи според правилата, доколку Мињоле беше во позиција да го фати ударот, Дели ќе добиеше само жолт картон.
Бруно Фернандеш лесно го реализираше пеналот, по што Јунајтед постигна уште два гола – преку деби погодокот на Нигериецот Одион Игало и преку повратничкиот гол на Скот Мектоминеј.
Simon Deli a un QI négatif mdr. Je suis en larmes ?? #MUNBRU pic.twitter.com/kbTWxiyDxV
— Ray Blé??⭐⭐?? (@RayBle10) February 27, 2020