Top Sport

Шампионот Фјури заработи милиони, но купува на попуст!

Тајсон Фјури во текот на викендот стигна до можеби најимпресивната победа во неговата кариера, одземајќи му ја на Дионтеј Вајлдер ВБЦ титулата во тешка категорија, за што доби 30 милиони евра гарантирани, а ќе добие и плус од пеј-пер-вју гледањата и сигурно ја зголеми својата цена за следниот меч.

Но, ништо од тоа не го спречува популарниот „Џипси Кинг“ да внимава на домашниот буџет, бидејќи секако, има пет деца за хранење. По пристигнувањето дома во Моркeмб (во близината на Манчестер), тој беше на шопинг  во локалниот маркет „Хоум баргинс“, каде што се продаваат продукти на попуст.

„Беше малку зачудувачки да се види, бидејќи Тајсон секако има пари да им купи на децата сѐ што ќе посакаат. Но, и тука во ’Хоум баргинс’ има одличен избор на играчки. Сите го знаат во Моркeмб и тој ужива што живее тука и луѓето се фотографираа со него и тој потпишуваше автограми“, вели еден продавач во маркетот за таблоидот „Сан“.

Scroll to Top