Top Sport

Чудно признание на Азар: Одмарам на тренинзите

Еден Азар открива дека може да го извлече најдоброто за Челси, иако честопати паузира на тренинзите на тимот на Антонио Конте.

Белгиецот е еден од најважните играчи на „Сините“ и оваа сезона, со шест гола и четири асистенции во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, и покрај тоа што статистиката вели дека е еден од најфаулираните фудбалери на планетата.

„Дали ги штитам нозете на тренинг? Секако! Да бидам искрен, не го давам максимумот на тренинзите. Кога имаме тренинзи некои момци полудуваат, но јас не сакам да бидам удрен и на тренинг. Ми треба и пауза. Сезоната е долга и има малку шанси за одмор, така што одмарам на тренинг за да можам да бидам посилен на мечевите“, вели Азар.

Scroll to Top