Top Sport

НБА: Сакраменто и Богдановиќ го срушија шампионот (Видео)

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ ги постигна решавачките поени со кои Сакраменто Кингс забележаа победа во Оукленд над Голден Стејт Вориорс 110:106.

Богдановиќ најпрвин постигна два поени на 12,6 секунди до крајот на мечот, потоа актуелниот првак преку Клеј Томпсон го имаше последниот напад при резултат 108:106. Томпсон промаши тројка, Богдановиќ оствари скок беше фаулиран и од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат.

На крајот Богдановиќ беше еден од шестмината кошаркари кои постигнаа двоцифрен број на поени. Србинот имаше 12 поени, 2 скока и 3 асистенции. Најефикасен кај Кингс беше Вили Коли-Стајн со 19 поени.

Голден Стејт на овој меч играше без двајцата најдобри Стеф кари и Кевин Дурент. Поради полесни повреди тренерот Стив Кер реши да ги одмори. Томпсон со 21 кош беше најефикасен кај Голден Стејт.

По овој меч актуелниот шампион има скор 15 победи и шест порази, а Сакраменто е на шест победи и 14 порази.

Scroll to Top