Манчестер јунајтед не успеа да победи во Истанбул и во пресрет на последното коло во А групата, се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите. Многу е веројатно и дека „црвените ѓаволи“ нема да играат ниту во Лига Европа.
Вчера во групата двата натпревари завршија без победник. Јунајтед против Галатасарј водеше 0:2 и 1:3, на крајот натпреварот заврши 3:3, додека во Минхен немаше голови на натпреварот Баерн-Копенхаген.
Баерн си обезбеди место во осминафиналето, Баварците имаат 13 поени, Копенхаген и Галатасарај имаат по пет, а Манчестер јунајтед четири бода.
Во последното коло Копенхаген ќе го пречека Галатасарај, а Баерн ќе гостува кај Јунајтед.
За да дојде до второто место, Јунајтед треба да го победи Баерн, а дуелот во Копенхаген да заврши без победник.
Копенхаген поради гол разлика е пред Галатасарај, тие можат да го освојат второто место и со реми против Галатасарај, но само под услов Баерн да не загуби д Манчестер јунајтед.
Јунајтед има шанса да остане барем во Лига Европа, можеби и со бод, но во тој случај треба да очекува убедлив пораз на Копенхаген или Галатасарај.
Натпреварите се закажани за две недели.