Top Sport

Чудо на „Сан Сиро“ – Милан за пет минути го победи Јувентус (Видео)

Милан со спектакуларен пресврт го совладаа Јувентус со 4:2 во дербито на 31 коло во Серија А. Јувентус до 62 минута имаа предност 0:2, а Милан до 67 минута направија целосен пресврт, а победата ја потврди Анте Ребиќ во 80 минута.

Првото полувреме заврши без голови, а Јувентус дојдоа до предност со извонредниот гол на рабио во 47 минута. Шест минути подоцна Роналдо ја зголеми предноста.

Чудот го најави Ибрахимовиќ со гол од пенал во 62 минута, израмни Кеси четири минути подцна, а веќе во следната минута Леао го комплетираше пресвртот. Точка на мечот стави Ребиќ.

Јувентус и покрај поразот има сигурна предност од седум бода на врвот на табелата, додека Милан со натпревар повеќе од Рома и Наполи се искачи на петтото место.

Scroll to Top