Top Sport

Чудо во Кина – Пекинг играше меч со тројца голмани на терен (видео)

Претпоследниот тим во кинеската прва лига, Пекинг поради повреда на дури десет стандардни првотимци импровизираше со играчите во куп мечот против Гвангжу Евергранде. Тренерот на тимот, Србинот Александар Станоевиќ покрај голманот, во составот за мечот ги вброи и вториот, односно третиот голман на тимот.

Откако во текот на мечот, двајца играчи на Пекинг поради повреди мораа да го напуштат теренот, двајцата резервни голмани влегоа во игра, едниот во средниот ред, а другиот во напад.

Не е ни чудо што Гвангжу осминафиналето од Купот го доби со високи 5-0.

Сепак главоболките за тренерот на Пекинг не завршија. Викендов мора тимот да игра првенствен меч со Тајнџин.

Scroll to Top