Top Sport

Иво Карловиќ: Имам 40 години, а се чувствувам како да имам 39!

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ со полни 40 години влезе во второто коло на Ролан Гарос со победата на Фелисијано Лопез од Шпанија.

„Искрено, оваа победа многу ми значи и драго ми е што моето име е врзано со рекорди, па макар тие и да се со години. Сепак завршив во книгата со рекрди на вој турнир, а тоа е супер“ рекол Карловиќ за хрватските медиуми.

Тој ги насмеал сите со шегата на своја сметка.

„Еве гледам како сите пишуваат дека јас и Лопез заедно имаме 77 години, па така влеговме во историјата на Ролан гарос, како најстар играчки пар воопшто. Секогаш повторувам дека се чувствувам многу добро. Еве сега се чувствувам како да имам 39 години“ – рекол Хрватот.

Високиот тенисер во следното коло во Париз ќе игра против Томсон. Против истиот тенисер Карловиќ играше и пред 3 години, во второто коло. Хрватот тогаш славеше победа по маратонски меч со 3-2 (6-7 6-3 7-6 6-7 12-10).

Scroll to Top