Top Sport

Чупо-Мотинг го воодушеви Нејмар, му ја даде наградата за играч на мечот (фото)

Камерунскиот фудбалер Ерик Чупо-Мотинг е јунакот на ПСЖ по синоќешниот шок натпревар во Лисабон, во првото четвртфинале од Лигата на шампионите.

„Светците“ со епски пресврт ја совладаа Аталанта со 2-1, а Чупо-Мотинг во судиското надополнување на мечот стрелаше за пласман во полуфиналето.

По мечот нему му припадна наградата за играч на натпреварот, но тој истата не ја прифати и му ја даде на соиграчот Нејмар.

Бразилецот имаше дузина промашувања на мечот, посебно она од третата минута, но при израмнувачкиот гол асистираше, а од него започна и акцијата при победоносниот погодок на Камерунецот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');