Додека сите во клубот чекаат да се заврши сагата околу Нејмар (со продажба или со останување), Максим Чупо-Мотинг ужива во шансата која ја добива во Пари Сен-Жермен и повторно стрелаше при 2:0 победата на гости кај Мец.
Тимот на Томас Тухел дојде до водство уште во 11. минута од удар од белата точка кога Анхел ди Марија беше прецизен, а Чупо-Мотинг, кој постигна два гола во 4:0 победата над Тулуз минатата недела во 43. минута го постави конечниот резултат по убавата аситенција на Верати.
ПСЖ се врати на првото место на табелата со три победи и еден пораз во четири кола и 9 поени, колку што има и Рен, досега единствениот непоразен тим во лигата, со еден натпревар помалку.