Шалке со победата над Сент Паули 3:2, на коло пред крајот на сезоната во Цвајта се вратија во Бундес лигата.
Шалке извојуваа драматична победа откако по 20 минути игра беа во минус од два гола. Матановиќ беше двоен стрелец за Сент Паули.
Во вториот дел Шалке направија пресврт. Резулато, најпрвин го намали Тероде од пенал, а овој фудбалер ја искористи асистенцијата Чурлинов и го израмни резултатот. Победата на шалке им ја обезбеди Залазар во 78.минута.
Сент Паули натпреварот го заврши со двајца фудбалери помалку. Биефус доби директен црвен картон во 81.минута, а во последните секунди Матановиќ поради вториот жолт картон мораше да го напушти теренот.
Шалке има 62 бода, пет повеќе од ХСВ, Дармштат и Вердер.