Top Sport

Чурлинов ќе остане во Штутгарт

Спортскиот директор на Штутгарт, Свен Мислинтат, потврди дека македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов ќе остане во клубот.

Чурлинов, минатата сезона ја мина на позајмица во Шалке. Му помогна на клубот од Гелзенкирхен да се врати во Бундес лигата. Сепак Шалке реши да на го откупи неговиот договор.

„Постоеше опција за Чурлинов да се врати во Шалке. Но, тие се жалеа дека немаат пари, а во исто време потпишаа неколку фудбалери за одредена отштета и не испратија никаква понуда за Дарко. Оваа тема е затворена за мене, нема шанси Чурлинов да се врати назад“, истакна Мислинтат за германските медиуми.

Дарко Чурлинов, вчера, беше најдобриот играч на Штутгарт во победата над Валенсија од 5:2. Македонскиот репрезентативец постигна гол и забележа две асистенции.

Scroll to Top