Top Sport

Чурлинов на лекарски прегледи во Барнли

Фудбалскиот клуб Барнли за денес ги закажа лекарските прегледи на кои треба да се појави Дарко Чурлинов. Репрезентативецот на Македонија најдоцна до среда треба да го комплетира трансферот од Штутгарт во Барнли.

На трансферот на Чурлинов инсистирал тренерот на англискиот клуб, легендарниот Белгиец, Венсан Компани.

Според германските медиуми, трансферот на Чурлинов ќе изнесува 5.000.000 евра (фиксни 3.500.000 и 1.500.000 низ бонуси). Репрезентативецот на Македонија со Барнли ќе потпише четири годишен договор.

Scroll to Top