Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја одржа последната прес конференција пред првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите. Сити, утре ќе го пречека Атлетико Мадрид.
„Не можете да анализирате некој тим само според она што го игра во домашното првенство. Мораш да ја гледаш целата слика, во спротивно ќе добиеш погрешен впечаток. Атлетико игра многу повеќе офанзивно од она што луѓето го мислат. Можеби не ризикувата премногу, но поседуваат исклучителен квалитет во нападот. Секако дека нивиот начин на игра и агресивноста ќе зависат од повеќе фактори, од позицијата на топката, од начинот на движењата, сигурен сум дека и тие многу добро ќе знаат што треба да играат и што треба да направат. Во такви моменти тие се одлични. Не сакам да разговарам на тие глупави теми дека тие се дефанзивен тим. Секој игра за да победи, ако победат тие, добро, ако победиме ние, пак добро“, рекол Гвардиола.
На новинарско прашање дека премногу размислува за тактиката, цинично одговорил.
„Во ЛШ секогаш премногу време и посветувам на тактиката. За утре имам целосно нова тактика. Имаме добри резултати бидејќи многу размислувам. Би било здодевно кога секој пат би играле исто. Ако луѓето мислат дека на ист начин ќе играм против Атлетико како против Ливерпул, тогаш грешат. Движењата се поинакви, играчите на противникот се поинакви. Поради тоа размислувам и ги прават тие глупави тактики. Вечерва ќе бидам инспириран и ќе смислам неверојатна тактика за утре. Ќе играме со 12 фудбалери.
Натпреварот Сити-Атлетико ќе започне во 21.победникот од двата натпревари, во полу-финалето ќе игра против Реал Мадрид или Челси.