Вистински циркуз во неделата се случи на натпреварот во Супер лигата на Србија помеѓу Спартак и Борац од Чачак (3:1).
Борац се наоѓа во големи финансиски проблеми, последен е на табелата во Супер лигата, но неговите играчи први постигнаа гол во Суботица против Спартак.
По водечкиот гол на Јовановиќ, Борац остана со двајца помалку на теренот. Маринковиќ доби директен црвен картон, а Дупавац поради вториот жол морае да ја напушти играта. Потоа Спартак израмни од пенал во 43.минута.
Во знак на протест, на стартот на второто полувреме, играчите на Борац седнаа на теренот, а натпреварот продолжи по 10-минутна пауза.
Но кога натпреварот продолжи фудбалерите на Борац на сите можни начини ја оптруираа играта, најчесто топката ја исфрлаа во аут, а голманот Бајиќ неколку пати ја исфрлил преку трибините, надвор од стадионот.
Спартак со двајца играчи повеќе во вториот дел постигна два гола за конечни 3:1.
Инаку фудбалскиот циркуз на српски начин го следеле дваесетина туристи од Англија.
Бојкотот на играчите на Борац, во приложеното видео е од 11.минута.