Top Sport

Цорк: Борусија не е во криза

Пред само една недела, Борусија Дортмунд беше на врвот на германскиот фудбал. Без пораз во Бундеслигата и со пет поени пред Баерн Минхен. Сега, спортскиот директорМихаел Цорк вели дека нема причини за грижа од можен „колапс“.

Дури и во Минхен веруваа дека тимот од Дортмунд е фаворит за титулата, а тогаш преодниот менаџер на Баерн, Вили Сањол изјави дека тие веќе „не се најдобриот тим во Германија“.

Но, ова многу бргу се смени. Поразот од РБ Лајпциг дома ја заврши низата од 41 натпревар без пораз на „Сигнал-Идуна парк“, ремито 1:1 со АПОЕЛ Никозија ги уништи шансите во Лигата на шампиони, а неделата беше завршена со 2:2 реми против Ајнтрахт откако водеа со 2:0.

Дортмунд уште се први, но сега со ист број на поени со Баерн, а многумина сметаат дека главен виновник е тренерот Петер Бош, кој дојде во тимот во текот на летото.

„Тоа е знак на шизофренија. Уште сме на врвот на табелата, но некои луѓе надвор од клубот се сомневаат дали Петер е вистинскиот избор. Смешки“, изјави спортскиот директор на тимот, Михаел Цорк.

Scroll to Top