Top Sport

CR7 останува CR7 – Роналдо ја доби „седумката“: Му благодарам на Еди за прекрасниот гест

Како што се очекуваше, тоа што Кристијано Роналдо го сака во Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо го добива во Манчестер јунајтед – клубот потврди дека Португалецот камбекот на „Олд Трафорд“ ќе го почне со бројот 7 на грбот, откако Единсон Кавани му го предаде дресот.

Во првите шест сезони во клубот, од 2003 до 2009, Роналдо имаше 292 настапи и 118 гола со „седумката“ на грбот, која претходно ја носеа имиња како Џорџ Бест, Ерик Кантона и Дејвид Бекам.

Кавани, кој го носеше дресот со седумката минатиот викенд против Вулверхемптон, ќе се префрли на бројот 21, бројот што го носи во уругвајската репрезентација.

„Не знаев дали беше возможно повторно да го носам бројот 7 и затоа има едно големо благодарам до Еди за овој неверојатен гест“, вели Роналдо.

Scroll to Top