И малите репрезентации имаат свои победнички моменти, како што вечерва покажаа Малта и Луксембург во Лигата на нации, тимови кои порано служеа само за зголемување на гол-разликата.
Луксембург направи вистински подвиг и славеше со 2:1 на гостувањето кај Црна Гора благодарение на двајца фудбалери кои имаат потекло од балканските простори – Едвин Муратовиќ и Данел Синани. Со победата, Луксембург се искачи на првото место во нивната група во Лига Ц.
Малта пак, победи првпат на гости по седум години, триумфирајќи со 1:0 кај Летонија, и тоа со гол во 97. минута.