Top Sport

Црна Гора со совршен план – мали, но прекрасни фудбалски стадиони

Црна Гора продолжува со малите, но одлични инвестиции во фудбалот, откако објавија план за изградба на еден од најубавите стадиони на Балканот, „Свети Петар Цетињски“ во Цетиње, со капацитет од само 5.192 места.

Околу стадионот ќе биде изграден паркинг и дополнителни објекти, а ќе потрошат само 9 милиони евра за стадион кој ќе го користат Ловќен, ФК Цетиње, ЖФК Цетиње и фудбалската репрезентација на Црна Гора.

Во 2019 година, Црна Гора го изгради стадионот во Подгорица, со капацитет од 3.000 седишта, кој исто така ги исполнува сите стандарди на УЕФА.

Scroll to Top