Евертон ја продолжи црната серија во која се наоѓаат фудбалерите на Арсенал. „Карамелите“, вечерва на Гудисон парк, славеа со 2:1. Ова е трета победа, во низа за фудбалрите на Карло Анчелоти, со која се искачиа на второт место на табелата. Арсенал, останаа на 15 место, тимот на Микел Артета на последните седум натпревари има освоено само еден бод.
Натпреварот на Гудисон парк беше решен во првоот полувреме, кога беа постигнати трите гола.
Холдинг постигна авто-гол во 22.минута, а Арсенал израмни од пенал неколку минути подоцна. На пеналот кој го реалзираше Пепе, му претходеше стартот на Дејвис врз Мејтланд-Најлс.
Во последните секунди од првиот дел Мина, највисоко скокна по центрашутот на Сигирдсон.
Во второто полувреме Евертон ја чуваше предноста, а Арсенал најдобрата шанса за израмнување ја имаше во 93.минута кога Пикфорд го одбрани ударот на Сака.