Top Sport

Црногорскиот селектор Тумбаковиќ и двајца фудбалери одбија да играат со Косово

Вечерашниот дуел на Црна Гора и Косово во квалификациите за Европското првенство во 2020 предизвика хаос во црногорската репрезентација, откако селекторот Љубиша Тумбаковиќ добил отказ бидејќи не сакал да го води тимот.

Според српските медиуми, Тумбаковиќ не сакал да ја води Црна Гора поради поврзаноста со Србија, а од репрезентацијата е отстранет и неговиот помошник Александар Јанковиќ. Покрај ова, поради притисоците од Србија, во мечот нема да играат ниту Филип Стојковиќ и Мирко Иваниќ, двајца фудбалери родени во Србија.

Scroll to Top