Top Sport

Црвена ѕвезда без навивачи кај Тотенхем

УЕФА ја соопшти казната за фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда. Српскиот првак на наредното гостување во Лигата на шампионите нема да ја има поддршката на своите навивачи.

Европската фудбалска унија го казни клубот поради расистичките испади на навивачите во Хелсинки. УЕФА делувале по пријавата на организацијата ФАРЕ.

Дуелот со Халсинки е одигран на 31 јули во рамките на второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Навивачите на Црвена ѕвезда со непристојни скандирања одговориле на провокациите на Албанци кои истакнале косовско и албанско знаме.

Црвена ѕвезда на 22 октомври ќе гостува кај Тотенхем.

Scroll to Top