Top Sport

Тројца во јануари ќе ја напуштат Барселона

„Се уште до крајот не се сумирани впечатоците од неодамна завршениот преоден рок, а Барселона со нетрпение го чека јануари кога повторно ќе биде отворен фудбалскиот пазар“, пишува „Марка“, истакнувајќи дека челниците на клубот од „Ноу Камп“, нема да купат ниту еден фудбалер во зимскиот преоден рок, туку ќе продадат тројца од актуелниот ростер.

Според „Марка“ еден од тие тројца до почетокот на оваа сезона бил незаменлив во формацијата на Ернесто Валверде. Барселона мора да продава играчи за да го растовари буџетот, бидејќи најголем дел од приходите се трошат на платите на фудбалерите.

„Иако има уште неколку месеци до јануари Барселона имаат јасен план што ќе прават тогаш. Оваа зима нема да купуваат нитуе еден играч, нема да го купат ниту Нејмар. Трансферот н Бразилецот е невозможен. Трошоците за плати ги пробија сите граници и клубот повеќе нема маневарски простор да го зголеми за уште 35 милиони евра годишно, колку што изнесува платата на Нејмар. Поради тоа во јануари ќе продадат неколку фудбалери: Ракитиќ, Умтити и Артуро Видал. Мора да ги продадат овие играчи во јануари не смеат да чекаат до 30 јуни 2020 кога е крајот на фискалната година“.

Ракитиќ со доаѓањето на Де Јонг падна во втор план, а летово во последните денови пропадна неговиот трансфер во Јувентус. Умтити и летово се наоѓаше на трансфер листата но тој не сака да замине, додека за Видал засега нема интерес, а и не е познато како тој ќе ја прифати одлуката на клубот.

Scroll to Top