Црвена звезда без четворица клучни играчи, ќе му се спротивстави на Лудогорец во Лига Европа. Поради коронавирусот, во Бугарија, нема да патуваат Александар Катаи, Александар Драговиќ, Милош Дегенек и капитенот Милан Борјан.
„Остатокот од тимот тренира нормално и се подготвува за натпреварот со Лудогорец. Борјан, Дегенек, Драговиќ и Катаи се чувствуваат добро, се надеваме дека наскоро ќе бидат со соиграчите“, се вели во клупското соопштение.
Црвена звезда, во Разград, ќе гостува во четврток. Во првото коло во групата, Црвена звезда ја победи Брага со 2:1, додека Лудогорец одигра 1:1 со Митјиланд.