Top Sport

Црвена звезда без навивачи во Париз и Ливерпул

Фудбалерите на Црвена звезда нема да ја имаат поддршката на своите навивачи на гостинските натпревари во Лигата на шампионите, против Ливерпул и ПСЖ, одлучи Европската фудбалска унија (УЕФА).

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена звезда, бидејќи навивачите на овој клуб влетаа на теренот во Салцбург, по завршувањето на реваншот помеѓу овие две екипи, а по кој „црвено-белите“ изборија пласман во Лигата на шампионите.

Покрај тоа навивачите на белградскиот клуб користеле пиротехника, фрлале разни предмети на теренот и го кршеле инвентарот на стадионот.

Поради ова клубот ќе мора да плати во касата на УЕФА 30.000 евра.

Ова е втора казна за Црвена звезда од почетокот на сезоната во Лигата на шампионите.

Претходно клубот мораше да одигра еден натпревар пред празни трибини поради инцидентите што нејзините фанови ги предизвикаа на мечот во Литванија, против Судува.

Црвена звезда ќе гостува во Париз на 3.октомври, а три недели подоцна ќе игра во Ливерпул.

Scroll to Top