Top Sport

Раџа: Уште мислам дека е шега, чекам зад аголот да се појави Ештон Качер

Прославениот југословенски и хрватски кошаркар, Дино Раџа, не може да поверува дека ќе влезе во „Куќата на славните“, иако информацијата ја добил уште пред шест месеци.

Раџа ќе биде четвртиот Хрват, по Мирко Новосел, Крешимир Чосиќ и Дражан Петровиќ во „Куќата на славните“ во Спрингфилд, но тој се уште не може да се соочи со реалноста дека ќе има свое место меѓу легендите на светската кошарка.

Тој и понатаму мисли дека се ова е една голема шега.

„Последните шест месеци гледам зад секој агол и очекувам дека оттаму ќе излезе Ештон Качер и дека тој ќе ми каже дека ме зафркнале“, му изјавил Раџа на американскиот новинар Шон Деневи.

Изминатите денови, Раџа, преку својот профил на „Фејсбук“ има се заблагодарил на сите луѓе што ставиле „печат“ на неговата кариера.

„Ова е нешто…Не можам да ви објаснам како се чувствувам во моментов“, дополнил Раџа.

Дино Раџа во кариерата има освоено две европски клупски титули со Југопластика и неколку медали на европски и светски првенства со Југославија и Хрватска.

Дино Раѓа со емотивна посвета кон „братот“ Тони Кукоч

Scroll to Top