Top Sport

Црвена звезда должи астрономски 34 милиони евра!

Српскиот фудбалски шампион Црвена звезда и покрај настапите во Лигата на шампионите има вкупен долг од 34.358.500 евра, објави српската Агенција за регистри, нешто што беше демантирано од страна на клубот.

Според извештајот, Звезда има вкупен долг од 45.542.516 евра, но има и нераспределен профит од 11.176.016 евра. Во текот на 2018 година во клубот влегле дури 60 милиони евра, дел од Лигата на шампионит, дел од продажбата на фудбалери, минатата година се потрошиле 51.072.635 евра. Финансискиот директор на Звезда го демантираше овој извештај.

„И претходно кажавме дека финансискиот извештај соддржи одредени сметководителни поставки кои клубот нема обврска да ги плати, така што тој долг е повисок од реалниот долг на клубот. Црвена звезда има долг од 14 милиони евра, но тоа е сума која не влијае на стабилноста и на нормалното делување на клубот“, вели финансискиот директор на клубот, Марко Петровиќ.

Scroll to Top