Top Sport

Црвена звезда го продолжи договорот со тренерот Милојевиќ

Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја продолжи соработката со тренерот Владан Милојевиќ.

Клубот, на својата интернет страница, обајви дека новиот двегодишен договор со тренерот Милојевиќ ќе биде потпишан во текот на наредната недела.

Милојевиќ на почетокот на сезоната ја презеде тренерската функција, успеа со Црвена звезда да ја освои титулата, а покрај тој по 26 години на клубот му овозможи европска пролет.

Црвена звезда стигна до 1/16 финалето во Лига Европа, каде во два „тесни“ натпревари испадна од ЦСКА Москва.

Scroll to Top