Top Sport

Салах донирал 500.000 долари да го спаси родното село

Мохамед Салах оваа сезона го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во дресот на Ливерпул, но и со она што го прави надвор од фудбалскиот терен. Египќанецот надвор од фудбалските терени е познат како голем хуманист.

Салах донирал речиси 500.000 долари за изградба на пречистителна станица, со која неговото село ќе добие чиста вода за пиење. Претходно, Салах, на селото му подрил девет ари земја на која ќе биде изградена станицата.

„Не можам да опишам колку ова е значајно за нашето село. Она што тој го прави за нас и за Египет едноставно не може да се опише со зборови. Тој се уште доаѓа во своето село. Салах за нас не е странец, никогаш нема да биде тоа“, рекол еден професор од селото на Салах.

Инаку, играчот на сезоната во Премиер лигата, минатиот месец преку својата фондација започнал изградба на болница и училиште во своето село Нагриг.

Scroll to Top