Лече го доби судскиот спор со Црвена звезда. Српскиот шампион,со пресметани камати ќе мора да плати повеќе од 1.000.000 евра.
Лече поднесе тужба кај ФИФА, против Црвена звезда, поради трансферот на Филипо Фалко.
Фудбалерот во јануари, одби да го продолжи договорот со Лече. Негова желба беше да игра за Црвена звезда кај тренерот Дејан Станковиќ.
Од италијанскиот клуб тврдат дека договорот бил српскиот клуб, веднаш по трансферот да уплати 500.000 евра, а уште толку во јуни, по завршувањето на сезоната.
Лече досега не добиле ниту цент од трансферот, поради што поднесоа тужба.
„Судот на ФИФА донесе одлука. Ја прифати исправноста на нашата жалба. Црвена звезда ќе мора да плати и камати. Доколку не ги исполни обврските Црвена звезда ќе остане без лиценцата за настап во европските купови“, рекол претставникот на Лече, Стики Дамијано.